Со навлегувањето во месец декември, се повеќе се разгорува новогодишната магија, а со тоа луѓето во светот а и кај нас навлегуваат во празничната атмосфера исполнета со насмевки и позитивна енергија. Некои од улиците во главниот град и парковите веќе се украсени, а за денеска најавено е и официјалното отварање на првото новогодишна село „Winterland“ и елката на плоштадот „Македонија“.
На новогодишните украси и на празниците нормално најмногу се радуваат малите дечиња, кои се нетрпеливи Дедо Мраз да дојде и да им ги оствари желбите кои ги замислиле, но тоа не значи дека возрасните не уживаат во сета таа магија. По теркот на светските ѕвезди, и нашите од година во година се повеќе се впуштаат во најразлични празнични проекти кои на публиката им го разубавуваат овој период од годината, а на компаниите им носат голем профит.
Оваа година во еден таков прекрасен проект најпрво можеме да ја видиме нашата прекрасна пејачка Викторија Лоба која ги краси страниците на „Орифлејм“, како нивен заштитен знак. Викторија секогаш знаела да изненади со својата единственост и уникатност, но на овие фотографиите не можете да останете имуни. Таа едноставни плени со својата убавина и во потполност ве внесува во предновогодишниот сјај. Погледнете:
Автор: Наталија Јосифоска