Македонија

Локализиран пожарот во хотел „Буши”

Локализиран пожарот во хотел „Буши”

Попладнево избувна пожар во хотелот „Буши“ во Скопје.

Противпожарната бригада Скопје информира дека во пожарот се зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот.

Тие додаваат дека пожарот е локализиран, а неколку лица се пожалиле на тешкотии со дишењето од тие причини интервенирале и екипите од Итна помош.

Според информациите на репортерот на 4news.mk, во моментот на пожарот во ресторанот се одржувала свадба, а засега нема информации што го предизвикало пожарот.

Директорот на Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“, Љубен Арсенков пак за МИА изјави дека до овој момент кај нив не се донесени повредени од пожарот во хотелот „Буши“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни