Македонија

Локализиран пожарот во центарот во Скопје – 55 пожарникари во борба со огнената стихија

Локализиран пожарот во центарот во Скопје – 55 пожарникари во борба со огнената стихија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изјава за медиумите посочи дека локализиран е пожарот, кој изби во центарот на Скопје.

Според Арсовска, 55 пожарникари го гаселе пожарот.

Арсовска додаде и дека има сомнежи дека е подметнат пожарот бидејќи биле забележани лица на овој потег.

„Од индициите кои што ги имаме најверојатно се работи за пожар којшто е отпочнат во потегот со сомненија дека има лица кои што го подметнале. Таа информација ја добивме и од комшиите што живеат тука непосредно и кои што виделе дека има тука лица. Искрено се надевам дека институциите ќе преземат се што е можно во нивна надлежност и да не се дозволи никој од граѓаните да бидат во опасност“, вели Арсовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни