Во пожар кој рано наутро изби во една гаража за автобуси во југоисточен Лондон, во потполност изгореа седум автобуси, додека други четири се оштетени. После три часа борба со огнот, пожарникарите успеале да го стават оганот под контрола.
Според очевидци, претходела силна експлозија а на лондонските противпожарни бригади биле испратени дури 40 повици.
На местото на настанот излегле 60 пожарникари кои по долга борба со пожарот, успеале на крајот да го изгаснат. Штетата можела да биде поголема, но 30 автобуси биле отстранети во близината на пожарот, со цел и тие да не бидат зафатени од огнената стихија.