Луѓето на Трамп го нападнаа Зеленски: Ако не се вразуми, на Украина и треба нов лидер

Блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп почнаа да го напаѓаат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова следува по вербалната пресметка пред камерите во Овалната соба меѓу Трамп, Зеленски и потпретседателот Џеј-Ди Венс

Главниот советник на Трамп, Мајк Волц, изјави дека на САД им е потребен лидер на Украина кој е подготвен да гарантира траен мир со Русија, но дека не е јасно дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да го стори тоа.

Валц вели дека Вашингтон сака да гарантира траен мир меѓу Москва и Киев кој вклучува територијални отстапки во замена за безбедносни гаранции, а за нив е задолжена Европа.

„Она што го велам е дека оваа војна треба да заврши, а тоа ќе бара територијални отстапки. Ова ќе бара руски отстапки за безбедносните гаранции“, рече тој.

Запрашан дали Трамп сака Зеленски да поднесе оставка, Валц изјави за Си-Ен-Ен дека им е потребен лидер кој знае да се справи со нив.

„Потребен ни е лидер кој може да се справи со нас, и на крајот со Русите, и кој може да стави крај на оваа војна. Ако стане очигледно дека личните или политичките мотиви на претседателот Зеленски се разликуваат од целта – завршување на борбите во неговата земја, мислам дека имаме реален проблем“, додаде Валц.

И претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, даде до знаење дека на Украина можеби и треба друг лидер доколку Зеленски не ги исполни барањата на САД.

„Нешто мора да се промени. Или треба да се вразуми и да се врати на преговарачката маса во знак на благодарност или некој друг треба да ја води земјата во таа насока“, изјави тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното