Лути шпагети со многу едностави состојки и уште поедноставна припрема…
Состојки:
200-250 гр шпагети;половина бабура пиперка;1-2 лути пиперчиња;1 помал домат;5 лажици масло;магдонос;2-3 чешниња лук;50 гр пармезан
Начин на подготовка:
Згответе ги шпагетите во солена вода. Процедете, измијте ги со студена вода.
Загрејте масло па додајте лук, кратко пропржете, додајте коцки домат, исечкани пиперки, посолете и пржете на слаба температура додека пипеките не омекнат. На крај додајте исечкан магдонос.
Во тавата додајте ги шпагетите, измешајте пармезан и префрлете го јадењето на големи чинии. Послужете додека е топло.