МААЕ: Нема индикации дека се погодени нуклеарни постројки во Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не добила никакви индикации дека било кои нуклеарни објекти биле погодени во израелските и американските напади врз Иран, изјави нејзиниот генерален директор Рафаел Гроси, нагласувајќи дека досега агенцијата не била во можност да контактира со иранските нуклеарни власти.

„Немаме информации дека некој од нуклеарните постројки […] е оштетен или погоден“, изјави Гроси пред 35-члениот Одбор на гувернери на МААЕ, цитиран од Ројтерс.

Се вчитува...

„Напорите за воспоставување контакт со иранските нуклеарни регулаторни органи […] се во тек, но досега нема никаков одговор“, додаде тој.