Маче и куче редовно даруваат крв

Британката Менди Панел со својот партнер Томас Милс живеат со маче по име Весли и куче со име Спок.

А токму нивните миленичиња се вистински херои. 

Имено, тие редовно даруваат крв и со тоа спасуваат други миленици.

„Весли е многу добро маче кога станува збор за дарувањето крв. Преде цело време… Па, ќе погледне накај кучето и го бара кога е исплашено. Се грижи и за нашата помала мачка“, вели Менди.

Таа додава дека иако постои соперништво меѓу нив, сепак тие многу се блиски.

Мачката досега има дарувано крв 10 пати, додека кучето 5 пати, а пред процедурата секогаш се прави преглед за тоа дали тие може да даруваат крв, а се зависи и од нивниот темперамент.