Maggi повлекува супа од брокули поради можност за присуство на метални делови

Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, откако компанијата Maggi објави дека повлекува од пазарот одредени серии од производот „Maggi 5-минутна терина од брокули“ (Maggi „5 Minuten Terrine“ Broccoli-Nudeltopf), бидејќи постои ризик дека во пакувањата може да има метални делови.

Металните делови претставуваат сериозен ризик од повреди на устата, хранопроводот или гастроинтестиналниот тракт, поради што потрошувачите не смеат да го консумираат овој производ.

Производите опфатени со ова предупредување се продаваат во пластична чаша и се означени со следните броеви на серии и рокови на употреба (MHD):

  • 50590703K, 02.2026
  • 50770703K, 03.2026
  • 50530703K, 02.2026
  • 50520703K, 02.2026
  • 50550703K, 02.2026
  • 50540703K, 02.2026

Компанијата Maggi ги повикува сите купувачи кои ги поседуваат наведените производи веднаш да престанат да ги користат и да ги вратат во продавниците, каде ќе добијат целосна рефундација на сумата без потреба од приложување на фискална сметка.

Германските медиуми ги повикуваат потрошувачите на внимателност и следење на официјалните информации за дополнителни ажурирања во врска со овој случај.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното