Кога станува збор за домашните обврски како што се чистење, готвење, пеглање најчесто им се препишуваат на жените, односно домаќанките.
Но, ги има и оние мажи кои знаат да ги „засукат ракавите“ и да се покажат како добри домаќини.
Меѓу нив може да се вброи и македонскиот пејач Ѓоко Таневски кој се подготвуваше за настап. За таа прилика, Ѓоко ја зема пеглата во раце и си испегла кошула, а на социјалните мрежи се појави и фотографија од неговата акција.
Ѓоко се пофали каков домаќин е и дека знае сам да се подготви кога станува збор за некоја музичка тезга.
Од друга страна, Таневски деновиве стана магистер на Универзитетот за туризам, а за своето ново „звање“ се пофали и на својот Фесјбук.
Ѓоко Танески е роден на 2 март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште.
Тој инаку е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.
Своите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена.
На 20 февруари 2010 година, Танески победи на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставуваше Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.