Петгодишно момче, на кое мајка му дала жижица, го запалило нејзиниот автомобил, предизвикувајќи штета од 30.000 евра, соопшти во недела полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија.
42-годишната мајка ја запалила жижицата со својот син на паркинг во станбена област во Хаген во саботата, а потоа видела искри како летаат под блискиот автомобил, каде што се запалиле суви лисја.
Обидите за гаснење на пожарот не успеале, а автомобилот во сопственост на сосед бил целосно изгорен.
Пожарникарите успеале да спречат ширење на пламенот на другите автомобили на паркингот. Жената се соочува со тужба за небрежно палење.
Полицијата потсетува дека жижицата е производ што сè уште може легално да се купи и запали преку целата година, за разлика од другите пиротехнички средства, чие купување е сè повеќе ограничено во Германија.