Мајка на дете починато при уривање на настрешницата: Ќе штрајкувам со глад, морам да знам кој го уби!

Обраќајќи се пред толпата на комеморативниот собир во Нови Сад, Дијана Хрка објави дека штрајкува со глад

„Треба да знам кој го уби моето дете, кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова. Ќе штрајкувам со глад пред Градското собрание, спроти Чациленд“, рече таа.

„Сакам да им се заблагодарам на студентите кои ме одржуваат во живот, им се заблагодарувам на моторџиите, на ветераните, нам, на обичните луѓе. Денес е најтажниот ден за сите нас, денес Нови Сад плаче, но јас се борам никој никогаш повеќе да не плаче – ниту самохрана мајка, ниту самохрана сестра“, рече Дијана Хрка.

Таа додаде дека му кажува на Александар Вучиќ да распише избори.

Денес, Дијана положи венец на Железничката станица во Нови Сад.