Британка пред неколку дена со своите две деца посетила забавен парк во Нотингем, но не очекувала порака која ќе ја расплаче, пишува британски The Mirror.
Додека таа се забавувала со своите деца во паркот, ѝ пришол непознат човек и ѝ подал плик без збор. Пред таа да одговори, непознатиот веќе бил изгубен во толпата.
Кога го отворила пликот, била изненадена – внатре имало банкнота од 100 фунти (116 евра) и порака: „Среќен Божиќ! Ова беше тешка година за сите. Земете го овој подарок и уживајте во празниците. Купете си нешто друго, усреќете ја саканата личност или себеси“.
Британката ја совладаа емоциите, очите и се наполнија со солзи. На крајот од пораката пишувало: „Ако можете, направете го истото за некој друг. Направете некој како мене среќен. Среќен Божиќ уште еднаш!“
Жената се обидела да го пронајде непознатиот, но залудно. Таа за Mirror изјавила дека била запрепастена од гестот на љубезност. „Читате за такви работи на Интернет, но не очекувате дека тоа навистина ќе ви се случи“, рече таа.
