Македонија

Мајмунски сипаници во Македонија: Ако имате температура, главоболка и осип веднаш пријавете!

Мајмунски сипаници во Македонија: Ако имате температура, главоболка и осип веднаш пријавете!

Директортката на Инфективната клиника во Скопје д-р Милена Стефановиќ во гостување на Сител телевизија рече дека секој кој ќе се посомнева во инфекцијата веднаш да се упати на Инфективна клиника.

Има голем број на Македонци кои работат во Афричките земји, па затоа алармот треба да биде вклучен, велат експертите.

„Инкубацијата е долга, човек може 21 ден да биде инфициран а да нема никаков симптом, појавата на симптоми што значи, висока температура, главоболка, мускулни болки, отекување на лифните жлезби и појава на осип е специфино за оваа болест“, рече директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стефановиќ

Инаку, досега Мајмунските сипаници не сме имале можност да ги лекуваме во Македонија бидејќи е афричка болест. Но докторите се убедени дека знаат што треба да направат доколку истите бидат регистрирани во Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни