Македонец почина во автобус во Србија – патувал од Германија кон Струга

Трагедија се случила денеска околу 10 часот наутро кај Михајловац, Србија, кога 70-годишен маж, патник во автобус кој се движел од Германија кон Македонија, починал во возилото.

Според српските медиуми, мажот е македонски државјанин од Струга. Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, каде сопатниците забележале дека мажот се чувствува лошо и веднаш се обиделе да му помогнат.

По околу 30 минути, на местото пристигнала итната медицинска помош и полициски службеници, кои се обиделе да го реанимираат, но за жал, обидите биле неуспешни.

Официјалната причина за смртта засега не е утврдена, а телото е предадено на обдукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното