Македонец предизвика несреќа во Вараждин, бил под дејство на алкохол!

Синоќа околу 23 часот во Вараждин се случила сообраќајна незгода со материјална штета. Инцидентот го предизвикал 32-годишен македонски државјанин, кој управувал автомобил под дејство на алкохол, со ниво од 1,13 промили.

Возачот, движејќи се по улицата „Браќе Крајански“, не ги пропуштил возилата на Источната обиколница, која има првенство на минување. Неговиот автомобил удрил во возило управувано од 59-годишен унгарски државјанин. За среќа, нема повредени, но е причинета материјална штета.

Возачот ќе се соочи со санкции за управување под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.

Македонската репрезентација ремизираше со Унгарија

Во истата вечер, македонската ракометна репрезентација го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет против Унгарија. Натпреварот, кој се одржа во Вараждин, заврши нерешено, 27-27.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното