Македонец уапсен на аеродромот во Женева поради водство на наркомафија во Европа

Швајцарскиот портал „Блик“ објави дека 30-годишен Македонец, осомничен за водство на наркомафија која дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари. Откако беше уапсен, тој бил екстрадиран во Австрија.

Според австриските истражни органи, уапсениот бил баран со европска потерница од 2022 година, под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми метамфетамин. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионална мрежа за дистрибуција на дрога.

Македонскиот наркобос, чиј идентитет не е објавен, пристигнал од Приштина и имал нови документи направени во Македонија, со сменето име. Сепак, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат по неговото лице, препознавајќи го од потерницата.

Осомничениот наркобос бил експресно испорачан во Австрија, а заедно со него биле уапсени и неколку други лица поврзани со неговата криминална мрежа, пишува швајцарскиот портал.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното