Македонец удрил полицаец во Софија

33-годишен Македонец, вчера нападнал полицаец во населбата „Дружба“ во главниот град Софија, јавуваат медиумите.

Лицето се однесувало агресивно кон полицајците кои дошле на местото да прават увид во сообраќајна незгода. Тој удрил еден од полициските службени кој завршил во болница, а потоа по прегледот пуштен на домашно лекување.

Македонецот бил задржан во Софија на испитување. Засега нема информации дали напаѓачот бил во алхолизирана состојба.

Извор: ТВ21