Македонија и Обединетото Кралство постигнаа договор за стратешко партнерство

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана оствари билатерална средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, на која беше постигната согласност за склучување договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Како што информира Мицкоски, станува збор за историски момент за Македонија, со кој државата се позиционира во кругот на интересите и надворешната политика на една од највлијателните политички и економски сили во светот – Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

„Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и основа за понатамошна економска и политичка соработка,“ изјави премиерот Мицкоски.

Договорот се подготвувал со месеци од страна на тимови од двете земји и, според најавите, опфаќа блиска соработка во повеќе стратешки области, со цел унапредување на билатералните односи и зајакнување на позицијата на Македонија на меѓународната сцена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното