Македонија се најде на 82. место на најновата светска листа за среќа, покажува извештајот изработен од University of Oxford Wellbeing Research Centre во соработка со Галуп и ОН.
Рангирањето се базира на анкети со околу 100.000 испитаници од 140 земји, а според резултатите, земјава се наоѓа зад Венцуела и Либија, но пред Алжир, Бугарија, Грција и Албанија.
Во извештајот се нагласува дека глобално, а особено во развиените земји, се забележува значителен пад на благосостојбата кај младите под 25 години. Како еден од клучните фактори се посочува прекумерната употреба на социјалните мрежи, која е поврзана со пониско ниво на задоволство од животот.
Истражувањето покажува дека користењето на социјални мрежи повеќе од седум часа дневно има негативно влијание врз менталната состојба, додека умерената употреба – помалку од еден час дневно – е поврзана со повисоко ниво на благосостојба.
Дополнително, дел од младите, особено студентите во САД, изразиле став дека би било подобро социјалните мрежи воопшто да не постојат, иако ги користат поради притисокот од околината.
Иако извештајот не нуди детална анализа по земји за секој фактор, позицијата на Македонија укажува дека предизвиците поврзани со благосостојбата, особено кај младите, остануваат актуелни и во домашен контекст.
