Македонија остана „делумно слободна“ според најновиот извештај на „Фридом Хаус“

Македонија остана на 67 поени од 100 на најновиот ранкинг на „Фридом Хаус“ за слободата, и рангирана е како „делумно слободна земја“.

Што се однесува во светски рамки, состојбата со слободата е влошена, а авторитаризмот се засилил, утврди „Фридом Хаус“.

Во извештајот се забележува дека и покрај негативните трендови, има неколку случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија.

Организацијата со седиште во Вашингтон ја оценува состојбата на слободата во секоја земја користејќи систем на поени од нула до сто, со тоа што колку повеќе поени има земјата, толку е послободна. Во зависност од тоа колку поени добива една земја, таа спаѓа во една од трите категории: слободни земји, делумно слободни и неслободни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното