Македонија пат активно се справува со снежните врнежи: Рачистување на патиштата во тек

ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.

„Исто така на располагање се ставени и “трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат)  и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.

Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.

ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен“, велат од ЈП Македонија пат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното