Македонија

Македонија повторно ќе „занеме“ – ИРЛ со ново видео, во студиото ќе биде и министерот Сали

Македонија повторно ќе „занеме“ – ИРЛ со ново видео, во студиото ќе биде и министерот Сали

Денешниот ден ќе биде еден од оние подолгите бидејќи македонскиот народ е во исчекување на нова „трета“, по ред, епизода од шокантниот документарец „Нечиста крв“, каде се разоткриваат информации поврзани со приватната клиника Жан Митрев.

Овие информации биле повеќе од 22 месеци истражувани, со цел денес да бидат објавени во јавноста.

Во првиот документарец, кој на каналот на ИРЛ на youtube е прегледан над 500.000 пати, можеа да се видат сведоштва за пациенти кои се лекувале во оваа приватна клиника, а истите биле и дел од експеримент.

Вчера излезе и видео, кои покажува финансиска злоупотреба од страна на клиниката „Жан Митрев“, каде оштетени се пациентите, но и државата односно Фондот за здравство.

Вечерва пак ќе можеме да ги видиме и реакциите на министерот за здравство Беким Сали, како и директорката на фондот за здравство Магдалена Филиповска Грашкоска.

Тие заеднички со новинарката Сашка Цветковска ќе бидат во студиото, каде ќе биде и домаќинот на поткастот Горан Теменугов и уште една жртва на здравствен систем.

Новинарката на ИРЛ, Сашка Цветковска го најави видеото:

„Вечерва поткастот на ИРЛ Разговор во Редакција ќе трае подолго од вообичаниот едночасовен термин. Приказната на Жанета Сарагинова која ги отвори прашањата за децениски долгите злоупотреби на фондот за здравство, но и одливот на стотици милиони евра пари во приватните клиники од буџетот, во студиото ја гледаа министерот Беким Сали и директорката на фондот за здравство Магдалена Филиповска Грашкоска. Во студиото со мене и со домаќинот на поткастот Горан Теменугов ќе биде и уште еден граѓанин – жртва на приватниот здравствен систем“, пишува таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни