Со голот на Енис Барди во 41. минута, македонската фудбалска репрезентација на полувреме има предност против Англија со 1:0.
Барди погоди по изведениот пенал досуден по интервенција на ВАР. При една нафрлена топка, Рико Луис го удри Бојан Миовски, па судијата покажа на белата точка, откако ја прегледа видеоснимката.
Натпреварот се игра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ и е од последното коло во квалификациите за Европското првенство Ц-група.
Англичаните важат за големи фаворити и во овој квалификациски циклус досега имаат шест победи и само еден нерешен резултат.
Натпреварот го следат околу 27 илјади гледачи, од нив 2-2,5 илјади Англичани.
Читај и ова:
- 1.Метео аларм: Силен северен ветер во Повардарието и источните делови
- 2.Родителите на загинатите во „Пулс“ најавуваат секојдневни мирни блокади се додека не започне судењето
- 3.Алармантно откритие од научници под Антарктикот: „Неконтролирано истекување од пукнатини, ова би можело да стане епицентар на опасност“
- 4.Трамп прими бустер доза против Ковид – докторите велат срцето му е 14 години помладо од хронолошката возраст
- 5.Почина Бојан Милковски од Штип – момчето за кого цела Македонија собираше помош