Македонската фолекрка Сања Барбика се залепи до Аца Лукас во Охрид (фото)

Не само што пее фолк музика, пејачката Сања Барбика милува да си ја гали душата и кога ја слуша, па редовно ги посетува настапите на српските колеги, што на наш терен, што на нивни.

Деновиве присуствуваше на настпот на српскиот турбо-фолк пејач Аца Лукас каде заедно со пријателка се веселеа до раните утрински часови.

Секако, вечерта не помина без да се обележи со една фотографија за спомен со Лукас која Барби ја објави на својот Инстаграм профил.

Застаната до него со раката преку раме, нашата пејачка широко насмеана ја овековечи вечерта со познатиот српски колега.

https://instagram.com/p/BmzMjQehugT/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

 

Дали останало само на фотографија или размениле и лаф муабет, знае најдобро самата.

Сања – Барбика и во вода и на суво е риба ипол…

Барби која е позната по песната „Министерка“ често знае да изненади со провокативни фотографии на Инстаграм, а сега отиде чекор понатаму.

Фолк пејачката деновиве правеше нова фотосесија, па за таа прилика се разголи до гола кожа.

Барби на својот Инстаграм профил сподели фотографија од новата фотосесија, а интимните делови ги покри со електрична гитара.

Веруваме дека никој не останал рамнодушен на ова провокативно издание, а еве како изгледа Барби без облека на себе.

На неа Барби со новиот имиџ – фризура во плетенки -суканици, позира гола, а нејзиното извајано тело го затскрива само електричната гитара.

Во меѓувреме, атрактивната струмичанка започнала со работа на нови материјали, а и веќе договорила настапи надвор од Македонија.

По кусата пауза што ја направи изминативе неколку месеци, фолк пејачката Сања Барби Цинцева одново се подготвува за нови изненадувања на музички план и враќање на голема врата на сцената.

Сеапак летото е примамливо, па сексапилната пејачка кога нема настапи, времето го користи за одмор и забава…

Соблечена во едноделен секси костим за капење Барби не можеше да му одолее на топлото време, да не си поигра во плиткото, при тоа позирајќи колку да потврди дека во ништо не заостанува зад далеку попознатите балкански колешки. Сања – Барбика уште еднаш покажа и докажа дека и во вода и на суво е риба и пол.

Па, како тогаш постираните фотографии човек да не и ги лајкува кога Барби е риба… ајкула! Како што ја нарече и нејзиниот пријател и фотограф, Томе Табанов!

Извор: Вистина.мк