Македонски автобус се преврте кај Лесковац, најмалку тројца загинати

Три лица загинаа откако македонски автобус излета од патот и се преврте во близината на Лесковац, Србија. Несреќата се случила во 1:40 часот ноќеска, а екипите на брза помош веднаш пристигнале на местото, и виделе стравичен призор.

Три лица не давале значи на живот, а биле извлекувани другите повредени патници. Засега не е познато колку патници биле во автобусот на местото на несреќата.

Првите информации велат дека автобусот се обраќал на релација Штип – Виена, но нема официјална потврда.

Низ цела Србија веќе два дена непрекинато врне снег, и можеби тоа е една од причините за несреќата. Дополнително ќе се утврдуваат зошто автобусот излетал од патот.

 

Извор: ТВ21