Македонскиот инвеститор Иван Ивановски oрганизира бесплатен вебинар и подарува на тројца по $1.000 акции од „Тесла“

Инвеститор Иван Ивановски кој за седум години изгради инвестициско портфолио вредно над еден милион долари, најави одржување на бесплатен вебинар на кој ќе го сподели своето знаење со сите кои сакаат да почнат да инвестираат. Како дополнителен поттик за учесниците, тој најави дека на тројца од нив ќе им подари по 1.000 долари во акции од компанијата „Тесла“.

Споделувајќи ја својата приказна, тој вели дека ја направил својата прва инвестиција во 2017 година, без претходно искуство и без голема почетна сума.

„Почетокот не беше лесен и беше исполнет со многу падови, сомнежи и неизвесност, но чекор по чекор, со работа, дисциплина и трпение, после 7 години редовно инвестирање успеав да изградам инвестициско портфолио вредно над еден милион долари“, се вели во објавата.

Целта на вебинарот, како што е наведено, е тој да го пренесе своето знаење и целиот процес низ кој поминал, односно „сè што би сакал да ми го кажеше некој кога првпат влегував во светот на инвестирањето“.

Наградата од по 1.000 долари во акции од „Тесла“ за тројца учесници е наменета за да им помогне полесно да го направат првиот чекор во инвестирањето. Повеќе информации за пријавување се достапни на веб-страницата kupiakcija.mk.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.