Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Холандија со 37-32 на Светското првенство. Иако играа изедначено до 25. минута, голем пад на крајот од првото полувреме доведе до разлика од 4 гола за Холанѓаните (18-14).
Во вториот дел, Холандија ја зголеми разликата на 5 гола (23-18), но Македонија одговори со серија од три гола. И покрај неколку обиди да се намали разликата, Холандија одржа водство и на крајот победи со 5 гола разлика. Тен Велде постигна 11 гола, а Кузмановски беше најефикасен за Македонија со 9 гола.
Македонија има еден бод од ремито против Унгарија и во последното коло во недела ќе игра против Гвинеја.