Вчера наутро, кантоналната полиција Тургау заедно со инспекторите од Канцеларијата за економски прашања и труд и вработените во Сојузната канцеларија за царина и гранична безбедност извршија инспекции на градилиштата во Бетерсхаузен и Зигерсхаузен каде биле уапсени две лица.
Според информациите, се работи за двајца Македонци на возраст од 34 и 36 години.
Тие биле уапсени поради работа без работна дозвола.
„Мажите моментално се во притвор, а и тие и нивниот работодавач ќе бидат пријавени во канцеларијата на јавниот обвинител“, велат од полицијата.