Македонците годишно фрлаат храна вредна 30 милиони евра

Во Македонија годишно се фрлаат над 15 илјади тони храна или речиси 30 милиони евра, предупредува Банка за храна на Меѓународниот ден за свесност за фрлање храна.

Иако земјата е меѓу првите пет во Европа по сиромаштија, истовремено е и меѓу првите пет според количината на фрлена храна. Најчесто на отпад завршуваат леб и лиснати производи, овошје и зеленчук, како и сувомеснати производи и сирење.

„Со донирање на вишокот храна би можеле да обезбедиме три оброци дневно за 26 илјади граѓани“, порача претседателот на Банка за храна, Душко Христов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.