Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа им одговори на припадниците на движењето „жолти елеци“, кои покренаа петиција со барање за намалување на цените на горивата, порaчувајќи им дека се во право.
Петицијата, која е објавена на палтформата Чејнџ досега ја потпишаа над еден милион Французи. Во одговорот, објавен на истата платформа, Макрон им порачува на жолтите елеци дека го чул нивниот глас, па затоа француската Влада и ја повлекла одлуката за зголемување на даноците на горивата.
Набрзо по одговорот на Макрон, француското Национално собрание усвои закон предложен од него, чија цел е да се задоволат дел од барањата на жолтите елеци.