Свет

Макрон го оправдува бесот на демонстрантите и најави зголемување на минималните плати

Францускиот претседател Емануел Макрон вети зголемување на минималните плати и даночни отстапки во телевизиското обраќање по големите протести изминатиот викенд на „жолтите елеци“. Рече дека го разбира бесот на демонстрантите, и на некој начин го оправдува.

„Барам од Владата и од Парламентот да превземат се што е потребно за од почетокот на 2019 година граѓаните на Франција би живееле многу подобро од работа. Минималната плата за работниците од 2019 година ќе се зголеми за 100 евра и тоа нема ништо да го чини работодавачот“, истакна Макрон кој најави дека дополнителните часови работа ќе се исплаќаат без даноци и побара од работодавачите да исплатат и бонуси за вработени, нормално без даноци.

Макрон се сврте и кон протестите и насилствата кои беа во нив, искажувајќи дека ќе бидат казнети сите насилни дела.

„Видовме толку многу насилство кое е неприфатливо и сакам најпрво да кажам дека ќе бидат казнети сите насилни дела. Сите сме сведоци како демонстрантите кршеа прозори и бараа начин како да предизвикаат немир. Нашата слобода постои само поради тоа што сите можеме да го кажеме сопственото мислење. Кога насилството ќе се зголеми, таа слобода ја губиме“, рече Макрон.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни