Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека е неопходен прелиминарен прекин на огнот за да се одржи состанокот меѓу Украина и Русија во Истанбул во четврток, предложен од Владимир Путин и прифатен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на соопштение од француското претседателство.
„Претседателот ја нагласи потребата од прекин на огнот, што ќе овозможи руско-украинскиот самит да се одржи овој четврток“, соопшти претседателството.
Макрон вчера разговараше со своите германски, британски и полски колеги, како и со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски, според истиот извор.
Украинскиот предлог за прекин на огнот од понеделник сè уште е на маса и Киев чека одговор од Русија, истакна Зеленски во своето вечерно видео обраќање, цитирано од Ројтерс.
Украинските трупи ќе бидат подготвени симетрично да одговорат доколку руските сили го прекршат прекинот на огнот, додаде тој.
Сепак, Москва не се согласи да се придржува до 30-дневниот прекин на огнот предложен во саботата од европските сили, забележува Ројтерс.