Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави, во врска со новите напади на руските сили врз украинската инфраструктура, во кои беа повредени осум лица, дека „Русија е заробена во стратегија на ескалација“ и дека „не бара мир“.
„Ги осудувам најостро масовните напади што синоќа беа насочени кон Украина, особено кон нејзината енергетска и железничка инфраструктура. Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме на мир“, рече Макрон во објава на Платформа X.
Тој најави дека ќе отпатува за Лондон во понеделник, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц, „за да разговараат за ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредништво“ за мир во Украина.