Скопскиот аеродром во февруари 2025 година опслужил 177.994 патници, што претставува благо зголемување од 0,3% во споредба со истиот месец минатата година. И покрај позитивниот тренд во февруари, бројот на движења на авиони бележи пад од 3,8%.
Сепак, кумулативно за првите два месеци од годината, аеродромот забележал вкупно 386.622 патници, што е за 5,1% помалку во однос на истиот период во 2024 година – односно 20.728 патници помалку.
Статистиките укажуваат на стабилна, но сè уште предизвикувачка динамика на авиосообраќајот на скопскиот аеродром во почетокот на летната сезона.
Најголемите скопски авиокомпании по редовен капацитет на седишта, февруари 2025 година: