Мали девојчиња, а големи херои: Овие четири ангелчиња ја победија најлошата болест на денешницата (ФОТО+ВИДЕО)

Некои личности уште од мали нозе ја водат најтешката битка – борбата за живот. МекКинли, Клои, Ава и Лорен се храбри девојчиња кои успеаја да извојуваат победа над ракот и денес среќни и насмеани да го живеат своето безгрижно детство.

Четирите ангелчиња се запознале во детската болница „Johns Hopkins“ во Флорида каде сите се лекувале од различни форми на рак. На Клои ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, што е многу ретка дијагноза кај децата, додека на Ава на двегодишна возраст ѝ била откриена акутна лимфоцитна леукемија.

Неодоливите другарки денес имаат по 4 и 5 години. Нивната прва заедничка фотографија им била направена во 2016 година кога сите примале терапија и се обидувале да ја „згазат“ страшната болест.

–„Сите беа на активна терапија првиот пат кога го направивме ова. Неверојатно е да се види колку далеку стигнаа, од тоа што беа ќелави мали бебенца, изјавила една од мајките на девојчињата.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното