Доаѓањето на ладното време значи и отварање на сезоната на носење хулахопки. Станува збор за парче облека кое не излегува од мода, но кое има најкраток рок на траење. Колку и да се внимава при нивно облекување или соблекување, не ретко се случува тие да се скинат и веќе да бидат неупотребливи.
Сепак, со овој мал трик ќе може да се продолжи нивното траење. Станува збор за три кратки и едноставни чекори:
– новиот пар хулахопки натопете ги во вода и добро процедете ги
– така процедени ставете ги во пластична кеса и оставете ги да отстојат цела ноќ во фрижидер
– сабајлето извадете ги и оставете ги на собна температура
Направете го ова само еднаш и ќе можете да ги носите хулахопките цела сезона без притоа да стравувате дека истите ќе ви се искинат.
Од друга страна пак жените велат дека има и уште еден начин како да ги облечете хулхопките веднаш а истите да не ви се скинат за време на облекувањето.
Постојат неколку мали правила кои треба да ги примените, за никогаш повеќе да не се кинат за време на облекувањето.
Еве што точно треба да направите:
1. Проверете на кутијата дали хулахопките се вашиот број, по табелата за висина и тежина.
2. Погледнете дали имаат предна и задна страна, бидејќи некои имаат, а некои не.
3. Пред облекување нанесете лосион за тело на рацете, нозете и стапалата.
4. Извадете го накитот или часовникот од рацете, за да нема на што да се закачат хулахопките.
5. Навртете ги хулахопките од горниот дел кон прстите за полесно да ги облечете ногавица по ногавица.
6. Не брзајте, полека навлекувајте ги од доле кон горе за да не пукнат.
7. Со раце поминете ја целата површина на вашите нозе за да проверите некаде да не имате набори.
8. Пред да ги облечете чевлите, проверете дали рабовите се мазни.