Моливи од 13 на 11 денари, од 12 на 10 денари. Тетратки и друг прибор, исто така со не преголем попуст. Ова се цените на училишниот прибор откако Министерството за економија донесе мерка за замрзнување на нивната маржа. Поминаа 10 дена од почетокот на учебната година, а родителите и учениците се уште ги купуваат потребните прибори во книжарниците.
Овој родител на девојче од прво одделение вели дека потрошил околу 3.000 денари за да и обезбеди тетратки и друга опрема.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и Инспекторатот за труд излегоа на терен за да видат дали се почитува мерката.
„Целта е опремата на учениците за училиште да биде евтина, трошоците за домаќинствата да бидат помали за да им се помогне“.
Го прашавме Пазарниот инспекторат дали извршиле увид во дуќаните и дали наишле на прекршоци, од таму ни рекоа дека се работи за обемна документација по проверки низ државата и дека ќе излезат со информации откако проверките ќе бидат целосно документирани и состојбата утврдена.

