Македонија

Малолетни сведочеа за трагедијата во „Пулс“: Видовме полицајци во дискотеката за време на пожарот

Малолетни сведочеа за трагедијата во „Пулс“: Видовме полицајци во дискотеката за време на пожарот
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Со сведочења на две малолетни лица кои биле меѓу присутните во дискотеката „Пулс“ продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во врска со трагичниот пожар.

Пред судот, двете сведочеа дека за време на пожарот забележале полициски службеници во внатрешноста на дискотеката.

Една од малолетничките изјавила дека по извлекувањето од објектот побарала помош од полициски службеник кој, како што навела, ѝ е втор братучед. Сепак, според нејзиното сведочење, не добила помош од него.

Сведочењата беа дадени во рамки на рочиштето против 13 полициски службеници кои се обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни