Малолетник нападнат од вработена негователка во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух во Битола

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека 42-годишен жител на Штип пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух во Битола, бил физички нападнат од страна на вработена негователка.

Инцидентот се случил вчера околу 20:00 часот.

Од СВР Битола посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.