Малолетник паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп, тешко е повреден!

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.

„На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11 – годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат од основното училиште во кое учел во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, се вели во соопштението на МВР.

Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното