Денеска (30.01.2026) во 17:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул.”Словенија” со ул.”Ј.Магистрала” се настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Ч.(44) од Скопје и пешак малолетник од Скопје.
Малолетникот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на Детска хирургија.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода и за расчистување на случајот.
