Популарната пејачка Марина Висковиќ проговори за својот изглед и откри што променила и поправила, како и со што претерува кога излегува.
Висковиќ признава дека ги надминала сите стравови и успеала да порасне преку ноќ.
„Моите најсреќни моменти се токму сега, бидејќи се соочив со сите мои стравови и ги надминав. Некако пораснав преку ноќ и се ставив на прво место засекогаш, најтешките моменти се зад мене, емоционален слом и корона, се чувствував беспомошно, а тоа е најниската вибрација – вели Марина и додава дека конечно дозволила нејзината публика на социјалните мрежи да ја видат во вистинско светло.
„Дозволив мојата публика да ме запознае и да го прифати мојот хумор, искреност и спонтаност, затоа што не сакам да ги изневерувам и здосадувам. Сакам да бидам она што сум во секое време. Гледам дека мојата публика е воодушевена и многу сум среќна поради нашата интеракција“ – вели пејачката.
