Еден од нашите најдобри линиски судии Марјан Кировски на дербито Вардар-Шкендија за последен пат во својата богата кариера мафташе со знаменцето крај аут линијата.
Според правилата Кировски наполни 45 години и поради тоа ја заврши богатата судиска кариера која ја започна во 1993 год.
По неколкуте сезони како главен судија премина во аутриктери и заедно со Александар Ставрев беа дел од богата интернационална кариера и ја дела правдата на голем број натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и репрезентативни пресметки.
Во домашното првенство се најдобрата судиска тројка и водеа голем број дерби натпревари.
Се очекува да остане во судиската организација како контролор на судиите.
фото:gol.mk