Маркетите почнаа да ги намалуваат цените согласно владината одлука за ограничување на бруто профитните маржи и замрзнување на цените на одредени производи до 30 април.
Државниот пазарен инспекторат врши контроли, а казните за непочитување се од 500 до 10.000 евра.
Маржите се ограничени на 5% за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, 10% за месо, шеќер, млечни производи, маргарин, конзервиран зеленчук и тестенини, а 15% за свежо овошје, зеленчук, детергенти, пелени и други хигиенски производи.