Еврокомесарката за проширување Марта Кос во Нови Сад им оддаде почит на жртвите од падот на настрешницата на 1 ноември, објави таа на социјалната мрежа Икс.
„Дојдов во Нови Сад да им оддадам почит на 16-те животи кои беа изгубени во трагедија која можеше да се спречи“, напиша Марта Кос на платформата Икс.
Еврокомесарката, која објави фотографии на кои таа остава цвеќе на железничката станица, додаде дека сочувствува со жртвите и нивните семејства.
I came to Novi Sad to honour the 16 lives that were lost in a tragedy that could have been prevented.
— Marta Kos (@MartaKosEU) April 30, 2025
My heart goes out to the victims and their families. pic.twitter.com/6KYUNsbjmg
Марта Кос денеска ја завршува дводневната посета на Србија. Таа денеска ќе има средби со претставници на пратеничките групи на опозицијата, а потоа и со претставници на партиите кои ја сочинуваат владејачката коалиција.
Таа вчера се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ.
Еврокомесарот ја повика Владата на Србија да работи заедно со Европската Унија на воспоставување независно судство, слободни медиуми и изборни рамки кои ќе го одразуваат ставот на граѓаните на Србија.