Американскиот претприемач Илон Маск изјави дека крвопролевањето во Украина наскоро ќе заврши.
„Бесмисленото убивање во Украина наскоро ќе заврши. Времето на воинот и профитерите заврши“, напиша Маск на социјалната мрежа „Х“ коментирајќи ги медиумските извештаи за плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.
Порталот „Аксиос“ претходно објави дека Маск учествувал во телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно „Волстрит журнал“ објави дека Трамп и неговиот тим создале план за решавање на конфликтот во Украина со формирање на демилитаризирана зона долга 1.300 километри долж сегашното бојно поле.
Сепак, САД нема да испратат мировници во регионот.
Според овој предлог, Украина би била обврзана да се воздржува од барање членство во НАТО најмалку 20 години. За возврат, Вашингтон ќе продолжи да го снабдува Киев со оружје за да спречи потенцијално повторно појавување на конфликт, пренесува Срна.