Мали инциденти се случија пред амбасадата на Израел во Атина, меѓу група поддржувачи на Палестина и грчката полиција во пресрет на протестот за солидарност до палестинскиот народ.
Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, здруженија на Палестинци, левичарски организации, студентски здруженија и сл, попладнево одржаа собир пред грчкиот Парламент и марш низ улиците во Атина до амбасадата на Израел, а според полициски извори, учествуваа над 10.000 лица.
Кусо пред демонстрантите да стигнат до амбасадата,се случи мал инцидент меѓу група Палестинци и полицијата која употреби солзавец.
Подоцна групата запали пано со фотографијата на израелскиот премиер Нетанјаху, а беа развиорени и палетински знамиња.
„Слобода за Палестина“ беше главниот слоган на протестот, а амбасадата на Израел во Атина вечерва беше под драконски безбедносни мерки.
Претходно, пред израелската амбасада се одржа мал протест за поддршка на Израел, а на насобраната група телефонски им се обрати и амбасадорот на Израел.