Масовен протест во Белград, одбележана годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ

Во Белград вчерва се одржа масовен протест од страна на организаторите на „Еден од петте милиони-почнато е“, по повод годишнината од убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија,демократија, правда“-Оливер Ивановиќ.

Колоната од повеќе десетици илјади граѓани беше повторно долга речиси еден километар и се движеше по веќе познатата маршута низ централните белградски улици  до Плоштадот Славија.

Граѓаните овојпат на почеток на протестната колона го носеа транспарентот со зборовите на Оливер Ивановиќ-„Ние сме сепак повеќе“, а протестното шетање, кое беше меморијално се одвиваше во тишина, без пароли и свирежи, а беа пуштани само тонски записи со изјавите на Ивановиќ.

Извор: ТВ21