Сообраќајна несреќа во скопското село Средно Коњари, општина Петровец, вчера прераснала во масовна физичка пресметка во која едно лице било нападнато од пет други лица. Инцидентот, во кој бил употребен и тврд предмет, се случил во 18:30 часот.
Според информациите од МВР, по сообраќајната незгода, јавниот ред и мир бил нарушен со тепачка помеѓу Ш.М. (47) од една страна и пет други лица од друга страна: А.Ќ. (38), Е.Ќ. (62), А.Ќ. (71), И.Ќ. (54) и А.Ќ. (26), сите од истото село.
Полицијата интервенирала на местото на настанот, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе следуваат соодветни пријави.
 
                                     
     
     
    